Општина Струмица ќе донира еден милион денари на струмичката болница

На минатата седница на Советот на општина Струмица беше усвоена одлуката за измена на распоредот на средствата во Буџетот за 2020 година. Со измените, 124862986_3385071951546211_1214801364687784042_o на Јавната здравствена установа „Општа болница“ – Струмица за набавка на опрема и материјали за справување со пандемијата на Ковид – 19.
Советниците ги усвоија Планот на програмите за развој, одлуката за давање на согласност за издавање под закуп на објекти во сопственост на општина Струмица, програмата за работа на Отворениот граѓански универзитет „Јоска Свештарот“ Струмица за 2021 година, извештајот за работата на ЈП „Паркиралишта-Струмица“ за деветте месеци од оваа година, програмата за измена и дополнување на Програмата за работа на ова претпријатие, како и одлуката за престанување на Одлуката за одобрување на бесплатно користење на резервирани паркинг места од ЈП „Паркиралишта-Струмица“.
На седницата за нов командир на Полициската станица од општа надлежност беше избран Тони Божиков, а беше донесена одлука за основање на заедничко јавно претпријатие за заловување и третман на бездомни кучиња.

Comments are closed.

Web