ЖФК Тиверија Струмица е Првиот женски фудбалски клуб од Македонија кој во 2021/22 ќе реализира проект од Еразмус+ спорт програмата

ЖФК Тиверија Струмица е Првиот женски фудбалски клуб од нашата држава кој во 2021/22 ќе реализира проект од Еразмус+ спорт програмата. Проектот ,,Аурора Адриатик” е плод на партнерството на 5 спортски организации : Finswimming Team Komet (Загреб, Хрватска) како кординатор на проектот, Tiverija Strumica Women’s FC (Струмица, Македонија), WFC Breznicna (Пљевља, Црна Гора), Adriatico Fano (Пезаро, Италија) и Finswimming Team Record (Болоња, Италија).
Еразмус+ програма ЖФК Тиверија Струмица
Целта на овој проект е континуирана и квалитетна едукација на спортистите, спортските работници и волонтерите кои работат во спортски организации. Проектот ќе се реализира преку интерактивни онлајн работилници, практични работилници во клубовите и спортски едукативни кампови.

Comments are closed.

Web