Турново во дерби-пресметка со Овче Поле на „Кукуш“

Хоризонт Турново во недела ќе одигра дерби со екипата на Овче Поле од Свети Николе, во натпревар од 6. коло од Третата лига – Исток, кој ќе биде одигра на „Кукуш“.

Хоризонт Турново - Карбинци, 4.коло ТМФЛ Исток

Натпреварот е важен и за двете екипи во борбата за првото место и влез во Втората лига – Исток. „Турновци“ се пласирани на шесттото место на табеата со 9 бодови, додека Овче Поле со 6 бода се наоѓа на седмата позиција на табелата. Турново максимално подготвен влегува во „битка“ за четврта сезонска победа, а предноста е што играат на домашен терен. Гостите од Свети Николе на „Кукуш“ ќе бараат излезе од резултатската криза.

Натпреварот се игра со почеток од 13:00 часот, без присуство на публика, поради пандемијата со Ковид-19.

Comments are closed.