Струмица Жени во недела против лидерот Работнички

Одбојкарките на Струмица Жени во недела ќе гостуваат во Скопје, каде ќе се соочат со екипата на Работнички, во натпревар од 5. коло од Првата одбојкарска женска лига.

ОК Струмица Жени, екипа 3. коло ПЖОЛ

Во досегашниот тек од сезоната, струмичките одбојкарки имаат запишано две победи и еден пораз, и со вкупно 7 освоние бодови се наоѓаат на третото место на табелата, додека Работнички со три од три и без загубен сет и лидер на табелата со максимални 9 бодови.

Прв судија на натпреварот ќе биде Ѓорѓиев Орце, додека втор судија Весевски Давор. Делегат на натпреварот ќе биде Карановиќ Зоран.

Натпреварот ќе се игра во СЦ „Борис Трајковски“ во малата сала со почеток од 18:00 часот.

Comments are closed.

Web