Астраион во недела гостува во Охрид

Струмички Астраион во недела ќе гостува во Охрид, каде во рамки на 7. коло од Групата А од Суперлигата, ќе ги одмери силите со лидерот Охрид. За струмичани оваа ќе биде тешко гостување против фаворитот. Во досегашниот тек од сезоната Охрид запиша четири победи на четири натпревари и со максимални 12 бодови е на лидерското место во групата, додека Астраион бележи една победа и три порази, и со вкупно 3 освоени бодови се наоѓа на петтото место натабелата.

Астраион - Струга, 3. коло Суперлига

Судиска двојка на натпреварот ќе биде Виктор Начевски од Скопје и Даниело Божиновски од Битола. За делегат е делегиран Славчо Калановски од Струга. Натпреварот ќе се игра во „Билјанини Извори“ со почеток од 18:30 часот.

Comments are closed.

Web