Пандев и донесе Европско првенство на Македонија!

Македонската фудбалска репрезентација го оствари сонот, го оствари најголемиот успех во својата историја и за прв пат ќе игра на Европско првенство. Во големото финале во Тбилиси, Македонија со минимални 0:1 славеше над Грузија. Капитенот Горан Пандев, беше стрелец на единствениот гол, гол вреден Европско, а беше постигнат 56. минута од натпреварот, кога Пандев го матира Лориа.

Горан Пандев и Елиф Елмас

Македонија на Европското првенство ќе игра во група со Австрија, Холандија и Украина.

Comments are closed.