Струмица Жени со победа над Виктори Волеј

Одбојкарките на Струмица Жени запишаа победа во 4. коло од Првата женска одбојкарска лига, СС „Парк“ во Струмица со 3:0 во сетови беа подобри од Виктори Волеј. Во текот на целиот натпревар Струмица Жени покажа доминација, првиот сет заврши со 25:14, вториот 25:20 и третиот сет со резултат од 25:13.

ОК Струмица Жени, екипа 4. коло ПЖОЛ

Во досегашниот тек од сезоната, Струмица Жени има одиграно два натпревари и на двата има запишано победа без загубен сет, па со вкупно 6 бода се наоѓа на третото место на табелата. Екипата н Виктори Волеј е на петтото место на табелата со две победи и два порази и вкупно 6 освоени бодови.

Comments are closed.