Пандев: Повеќе од 19 години го носам овој свет дрес, остана уште еден чекор до остварување на сонот на цела нација!

Последна шанса за нашиот најдобар фудбалер Горан Пандев да учествува на еден голем фудбалски собир како што е Европското првенство. Само 90 минути ја делат Македонија од историски пласман на ЕП. Капитенот на нашата репрезентација, Горан Пандев, на социјалните мрежи напиша колку многу му значи овој натпревар со Грузија.

Горан Пандев

„113 натпревари, повеќе од 19 години носење на овој свет дрес, многу порази, победи, радости, понижувања, многу убави и лоши работи поминав со тебе Македонија. Остана уште еден чекор до остварувањето на мојот сон, до остварување на сонот на моите колеги, на мојата фамилија, на цела НАЦИЈА. Во овие тешки времиња да се обединиме сите заедно и да се обидеме сонот да ни стане реалност. ЕДЕН за СИТЕ, СИТЕ за ЕДЕН…Да живее Македонија“, напиша капитенот Пандев.

Македонија историскиот натпревар за пласман на ЕП против Грузија, ќе го одигра во четврток со почеток од 18:00 часот. Во четврток, Пандев и неговите другари ќе истрчат во Тбилиси да го остварат сонот, Македонија да игра на Европско!

Comments are closed.

Web