Ангеловски: Горан, ти благодарам и поведи ги нашите браќа до пласман на Европско првенство

Македонскиот селектор Игор Ангеловски, со многу оптимизам на официјалната прес-конференција го најави утрешниот историски натпревар за пласман на ЕП и покрај соочувањето со одредни проблеми во однос на играчкиот кадар.

Игор и Горан

Носам огромна почит за работата на мојот колега Владимир Вајс со репрезентацијата на Грузија, добро се познаваме меѓу себе, но ние добро знаеме за нашите квалитети и тука сме повторно во Тбилиси за да дојдеме до реализација на нашите цели, а тоа е пласман на ЕП”, истакна на Ангеловски на прес-конференцијата во главниот град на Грузија пред утрешниот меч, притоа дополнувајќи:

Имаме неколку фудбалери кои не допатуваа, но имам 21 фудбалер кој се тука подготвени да ни го донесат пласманот на ЕП. Подготвени да одиграат за себе и за сите нас во Македонија.Овие фудбалери мене ме натераа да бидам мирен, спокоен, па и мирно да спијам. Иако тука сме сами, ја чувстуваме поддршката, стигнуваат пораки од поранешни селектори, репрезентативци, пријатели. Ќе играме и за нив.“, рече селекторот. 

Но, Ангеловски имаше посебно емотивно обраќање со благодарност за нашиот најдобар фудбалер.

Сакам јавно да се заблагодарам на нашиот Горан Пандев. Ако некој е заслужен за тоа што сме овде е само тој кој сега е до мене. Точно пред пет години прифати да се врати во репрезентацијата и да го поведе овој тим, во кој јас верував уште од почетокот. Горан, ти благодарам и сакам утре да ги поведеш овие твои и мои браќа до пласман на ЕП“.

Comments are closed.

Web