КК Ролинг 08 загуби од КК Куманово 2 во 1. коло од Втората кошаркарска лига – Исток

Младата екипи на струмичкиот КК Ролинг 08 загуби во 1. коло од Втората кошаркарска лига – Исток од вториот тим на КК Куманово со 96:68. За младите кошаркарки кои иако загубија сепак одиграа одличен натпревар.

КК Куманово 2 - КК Ролинг 08, 1. коло Втора кошаркарска лига - Исток, во Куманово

„Прв натпревар на нашата екипа во сениорска конкуренција и огромно искуство за нашите млади кошаркари.Бевме поразени од екипата на КК Куманово во Куманово и честитки за победата на КК Куманово. Но, продолжуваме понатаму и сигурно ќе пристигнат и победите“, велат од клубот.

Во 2. коло Ролинг 08 на домашен терен ќе се соочи со екипата на Борец Баскет од Велес, додека Куманово 2 ќе гостува кај Баскет Кам.

Comments are closed.

Web