ЖФК Тиверија во среда против ЖФК Шкендија

ЖФК Тиверија во среда на Општинското фудбалко игралиште „Филип Лазаревски“ во Струмица ќе се соочи со екипата на ЖФК Шкендија од Тетово, во натпревар од 12. коло од Првата женска фудбалска лига. Тиверија на овој натпревар влегува како фаворит за победа против тетовската екипа која е пласирана на осмото место на табелата со 15 бодови, во однос на Тиверија која е петта со 23 бодови.

ЖФК Тиверија Струмица - ЖФК Скопје 2014 - 1. коло

Велевачкоска Ирена од Прилеп ќе биде главен судија кој ќе ја дели правдата на натпреварот, додека нејзини помошници ќе бидат Илиевски Снежана од Македонска Каменица и Костоски Зоран од Прилеп. Контролор на натпреварот во Струмица ќе биде Димитровски Драганчо од Кочани.

Натпреварот ќе започне во 12:00 часот и ќе се одигра без присуство на публика, поради пандемијата со Ковид-19.

Comments are closed.

Web