Џио Струмица со победа над Борец во Велес

Одбојкарите на Џио Струмица запишаа нова победа, откако на вчерашното гостување во Велес во рамки на 5. коло со 0:3 (15:25; 21:25; 15:25) беа далеку подобри од домаќинот Борец. Струмичките одбојкари уште еднаш ја потврдија својата доминација на терен и остануваат на лидерската позиција со 15 бодови во Првата одбојкарска лига без загубен сет.

АРХИВА

АРХИВА

Во следното коло Џио Струмица на домашен терен силите ќе ги одмери со екипата на УГД Штип во рамки на 6. коло. Штипската екипа се наоѓа на шесттото место на табелата со 6 освоени бодови, односно на четири одиграни натпревар има запишано две победи и два порази.

Comments are closed.

Web