Тиверија славеше на гостувањето во Карбинци

Тиверија конечно победи, откако на денешното гостување во Карбинци, со 1:2 славеше над истоимената екипа, во натпревар од 5. коло од Третата лига – Исток. Тиверија максимално подготвена и мотивира влезе на денешниот натпревар, а тоа се прикажа и со одличната екипа. Струмичките фудбалери постигнаа два погодоци во првиот дел од натпревар и со 0:2 заминаа на полувреме. Во вториот дел домаќините постигнаа гол, а со тоа беа поставени и конечните 1:2.

Тиверија - Раклиш, 2. коло ТМФЛ - Исток

Тиверија со шест освоени бодови е осма на табелата, додека Карбинци со еден освоен бод е претпоследен на табелата. Во следното коло Тиверија ќе биде домаќин на Брегалница од Делчево, додека Карбинци ќе гостува во Лозово кај Работник Џумајлија.

Comments are closed.