Спартмани ремизираше со лидерот Чешиново

Екипата на Спартмани ремизираше играјќи 1:1 со лидерот на табелата Чешиново во Градско Балдовоци, во натпревар од 5. коло од Третата лига – Исток. Први до водство дојдоа домаќините и со резултат од 1:0 се замина на полувреме. Во вториот дел од натпреварот, гостите постигаа гол за 1:1, а воедно тоа беше и конечниот резултат од средбата во Градско Балдовци.

ФОТО: Струмица Сити

ФОТО: Струмица Сити

Спартмани со 10 бодови е петти на табелата, додека Чешиново иако ремизираше останува лидер на табелата со 13 освоени бодови, еден повеќе од второпласираниот Малеш од Берово. Во следното коло Спартмани ќе гостува во Радовиш каде ќе се соочи со Раклиш, додека Чешиново ќе игра дерби-пресметка за прво место на табелата со Малеш.

Comments are closed.

Web