КК Струмица загуби од КК Феникс и со пораз ја стартуваше новата сезона

Кошаркарите на КК Струмица на денешиот натпревар од 1. коло од Втората кошаркарска лига – Исток, загубија од КК Феникс до 70:76. Во првата четвртија гостите од Скопје ја добија со 17:19, додека втората со 10:23. Струмичките кошаркари ја подобри својата игра во вториот дел од натпревар и веќе третата четвртија ја добија со 24:15, а последната заврши со 19:19 што не беше доволно за победа. Двете екипи важат за фаворити за влез во Првата кошаркарска лига, а денешната победа заслужено им припадна на гостите од Скопје.

АРХИВА

АРХИВА

Најефикасни во редовите на КК Струмица беше Макенаџиев 24 поени, Абрашев и Тасков по 14 поени.

Во второто коло КК Струмица ќе игра против КК Ангели на домашен терен, додека Феникс ќе биде домаќин на Шкупи.

Comments are closed.