Сите тестовите негативни, КК Струмица подготвена за утрешниот старт на новата сезона

КК Струмица утре против КК Феникс ќе ја стартува новата сезона од Втората лига – Исток во натпревар од 1. коло. Пред стартот на натпреварот, кошаркарите и стручниот штаб се тестираа и сите тестови на Ковид-19 се негативни.

АРХИВА

АРХИВА

„КК СТРУМИЦА почитувајќи ги препораките на Министерството за Здравство и на Здравствената Комисија изврши тестирање од Ковид-19 на сите играчи и членови на стручниот штаб. Сакаме да ве известиме дека тестирањето покажа дека сите играчи и членови на стручниот штаб се НЕГАТИВНИ.  Почитувајте ги мерките на Министерството за Здравство и на Здравствената Комисија“, се вели во соопштението на клубот.

Comments are closed.