ЖФК Тиверија се „распука“ во Кочани за убедлива победа со 17 гола

ЖФК Тиверија се „распука“ во Кочани за убедлива победа од 0:17 над младата и неискусна екипа на ЖФК Кочани, во натпревар од 11. коло од Првата женска фудбалска лига. Во почетниот состав на Тиверија беа изоставени капитенот Александра Ристовска и заменик капитенот Викторија Панчурова додека за прв пат како стартери почнаа 14 годишните Ива Јосифова и Мери Васева на голманската позиција.

ЖФК Тиверија Струмица - ЖФК Скопје 2014 - 1. коло

Најдобриот стрелец на Тиверија, Теодора Димоска во Кочани 8 пати ја тресеше противничката мрежа, додека Теодора Николовска постигна четири погодоци, С. Велкова и Панеска постигнаа по два погодоци, а во листата на стрелците со еден погодок се запиша и Р. Велкова.

Состав : Васева, Бошеска, Недева, Николова, Михајлова, Панеска, Велкова Р, Велкова С, Јосифова, Николовска, Димоска
Играа уште : Бошевска, Головска, Цунева.

Comments are closed.

Web