Џио Струмица убедлив против Шкендија

Екипата на Џио Струмица вчера запиша нова победа, откако во Спортската сала „Парк“ во Струмица со 3:0 во сетови (25:17; 25:11; 25:23) беа далеку подобри од тетовска Шкендија, во натпревар од 4. коло од Првата машка одбојкарска лига.

Џио Струмица - Шкендија во Струмица 3.коло ПОМЛ

Џио Струмица е лидер на табелата со 12 бодови и без загубен сет, а ист број на бодови има и второпласираниот Универзитет во Тетово. Екипата на Шкендија по поразот во Струмица е четврта на табелата со 9 освоени бодови, исто колку што има и третопласираниот Вардар.

Во сабота Џио ќе гостува во Велес, каде ќе се соочи со екипата на ГОК Борец во рамки на 5. коло.

 

Comments are closed.

Web