Џио Струмица против Борец во Велес

Одбојкарите на Џио Струмица утре ќе гостуваат во Велес, каде во рамки на 5. коло од Првата одбојкарска лига ќе се соочат со екипата на Борец. Натпреварот кој ќе се игра во СС „Парк“ во Велес, ќе биде одигран пред празни трибини, со почеток во 19:00 часто.

АРХИВА

АРХИВА

Прв судија на натпреварот ќе биде Петров Влатко, додека за втор судија е делегиран Серафимов Благој. За делегат на натпреварот одреден е Трајков Мирко.

Во однос на табелата, струмички одбојкари се лидери на табелата со максимални 12 бодови, додека Борец кој е петти на табелата има 9 освоени бодови.

Comments are closed.