Струмица Жени против Виктори Волеј

Одбојкарките на Струмица Жени на домашен терен ќе ги одмерат сите со екипата на Виктори Волеј, во натпревар од 4. коло од Првата женска одбојкарска лига. Струмичките одбојкарки имаат одиграно еден натпревар и на истиот запишаа победа над Пелистер Волеј во Битола. Екипата на Виктори Волеј има одиграно три натпревари, на кои запиша две победи и еден пораз и со вкупно 6 бода е на третото место на табелата.

Пелистер Волеј - Струмица жени, 3. коло ПЖОЛ

Прв судија на натпреварот ќе биде Трајков Иван, додека за втор судија е делегиран Ричлиев Филип. Делегат на овој натрпевар ќе биде Атанасов Трајче. Натпреварот ќе се игра во СС „Парк“ во Струмица, со почеток во 18:00 часот без присуство на публика.

Comments are closed.