Пандев го одигра 450 натпревар во Серија А

Најдобриот македонски фудбалер, Горан Пандев, го одигра својот 450 натпревар во Серија А. Натпреварот меѓу Џенова и Торино кој што се одигра во четвртокот, во рамки на 4. коло од Серија А, за нашиот капитен беше 450 настап во Серија А. Пандев во игра влезе во 46. минута од натпреварот и беше асистент за погодокот на неговата екипа, кој не беше доволен за победа. Пандев во својата кариера има настапувано за Специја, Анкона, Лазио, Интер, Наполи и Џенова. Македонецот во дресовите на италијански клубови ги собра симпатиите на италијанските фанови.

Пандев - Џенова 450 настапи

Пандев се наоѓа на 34-тото место на вечната листа играчи со најмногу настапи во првенството. Таму на врвот се легенди како Џанлуиџи Буфон, Паоло Малдини, Франческо Тоти, Хавиер Занети.

 

Comments are closed.