Мантев Петар ќе ја дели правдата на струмичкото дерби

Утре се игра Градското струмичко дерби меѓу Академија Пандев и Беласица на Спортскиот центар „Пандев“ во Струмица, во натпревар од 11. коло од Првата македонска фудбалска лига.

АРХИВА

АРХИВА

Главен судија кој ќе ја дели правдата на струмичкото дерби ќе биде Мантев Петар од Неготино, а негови помошници ќе бидат Гонев Илија од Неготино и Новачев Петар од Велес. За четврт судија на натпреварот е делегиран Величков Боби од Велес. Делегат на натпреварот ќе биде Зендели Мерсим од Гостивар, а конторлор Шуклев Благој од Стојаково, Гевгелија.

Натпреварот ќе стартува во 13:30 часот и ќе се одигра без присуство на публика поради пандемијата со Ковид-19. Градско дерби ќе може да се следи во живо на ТВ платформата на ФФМ.

Comments are closed.

Web