Македонија Макс гостува кај Фит Фан Волеј

Одбојкарките на струмичка Македонија Макс во недела ќе гостуваат во Скопје, каде ќе ги одмерат силите со екипата на Фит Фан Волеј, во натрепвар од 4. коло од Првата женска одбојкарска лига. Струмичките одбојкарки имаат два порази и со еден бод се наоѓаат на претпоследното шесттото место на табелата, додека Фит Фан Волеј забележа една победа и еден пораз и со три бодови се наоѓа на четвртото место на табелата.

Македонија Макс - Наковски Волеј, 1. коло ПОЖЛ

За прв судија на натпреварот делегиран е Здравески Славчо, додека втор судија е биде Весевски Давор. Делегат на натпреварот ќе биде Трајков Мирко. Натпреварот меѓу овие две екипи ќе се игра во спортската сала на ОУ „Невена Г. Дуња“ во Скопје без присуство на публика, со почеток од 13:00 часот.

Comments are closed.

Web