Хоризонт Турново на дерби во Делчево против Брегалница

Во недела ќе биде одиграно 5. коло од Третата лига – Исток, коло кое требаше да биде одиграно минатата недела, но, поради услогласување на Протоколот за натпреварување истото беше презакажано за 8. ноември. Турново ќе има тешко гостување во Делчево, каде ќе ги одмери силите со домаќинот Брегалница. Двете екипи имаат една цел, следната сезона да се натпреваруваат во Втората лига – Исток.

Малеш - Хоризонт Турново, 3. коло- - ТМФЛ - Исток

Турново е втор на табелата со 9 бода, запиша три победи и пораз од Малеш во Берово, од друга страна екипата од Делчево има 7 бода, односно две победи, реми и пораз, и во моментот тие се на шесттото место на табелата.

Натпреварот ќе биде неизвесен и важен за двете екипи, кој за жал ќе се одигра пред празни трибини поради пандемијата со Ковид-19 со почеток во 13:30 часот.

Comments are closed.

Web