Тиверија во Карбинци ќе бара излезе од резултатската криза

Струмичка Тиверија во недела ќе има гостување во Карбинци, каде ќе се сретне со истоимената екипа, во натпревар од 5. коло од Третата лига – Исток. Тиверија на гостувањето во Карбинци ќе бара излез од резултатската криза, бидејќи по 4. одиграни кола, екипата на Тиверија има три порази и само една победа, и со вкупно 3 освоени бодови се наоѓа на деветтото место.

Тиверија - Раклиш, 2. коло ТМФЛ - Исток

Новајлијата Карбинци со еден освоен бод е на претпоследното 11-то место на табелата. Домаќините ќе го искористат домашниот терен за прва сезонска победа, додека Тиверија со силен мотив за излез од резултатската криза ќе се обидат да дојдат до втора сезонска победа.

Натпреварот ќе стартува во 13:30 часот, без присуство на публика поради пандемијата со Ковид-19.

Comments are closed.

Web