Струмичкото дерби ќе се игра на Спортскиот центар Пандев

Градското струмичко дерби меѓу Академија Пандев и Беласица ќе се одигра на Спортскиот центар „Пандев“, во натпревар од 11. коло од Првата македонска фудбалска лига.

Оваа е првото градско дерби во Струмица во новата сезона од Првата лига. Двете екипи имаат лош почеток на стартот од новата сезона. Беласица има две ремија и дури осум сезонски порази и со вкуно 2 освоени бодови се наоѓа на последното место на табелата. Академија Пандев подобра, со две победи, едно реми и седум порази има 7 бодови, и се наоѓа на 11-тото место на табелата.

АРХИВА

АРХИВА

Овој натпревар е важен за двете екипи во борбата за обезбедување бодови. „Пандевци“ ќе важат за фаворити на овој натпревар, а мотив плус ќе биде победа на нивниот нов терен, бидејќи овој ќе биде прв официјален натпревар на Спортскиот Центар „Пандев“ од Првата лига, бидејќи претходно Академија Пандев одигра само еден пријателски натпревар на овој терен, оној против Вардар.

Натпреварот ќе се игра во сабота со почеток од 13:30 часот, без присуство на публика.

Comments are closed.