Спартмани во Градско Балдовци против лидерот Чешиново

Во недела во рамки на 5. коло од Третата лига – Исток во Градско Балдовци силите ќе ги одмерат домаќинот Спартмани и лидерот на табелата Чешиново. Спартмани игра одлична сезона, екипата по 4. одиграни кола има три победи и еден пораз и со вкупно 9 бода е на петтото место, колку што има и второпласираниот Турново. Чешиново и пријатно изненадување за сите во лигата, кој има максимални четири победи и со максимални 12 бодови е лидер на табелата. За нив гостувањето во Градско Балдовци ќе биде тешка задача, бидејќи во претходните четири натпревари тие беа фаворити за победа и секогаш успешно оправдуваа таа фаворитска улога со сигурни и убедливи победи.

ФОТО: Струмица Сити

ФОТО: Струмица Сити

Спартмани на своја страна ја има расположената воиграна екипа, која ќе го искористи својот домашен терен да дојде до четврта сезонска победа и да му го нанесе првиот сезонски пораз на Чешиново. Натпреварот ќе стартува во 13:30 часот и ќе се одигра без присуство на публика.

Comments are closed.