Прв официјален натпревар на Спортскиот центар Пандев

Во сабота ќе биде одигран првиот официјален натпревар на Спортскиот центар „Пандев“ во Струмица. Во 2019 година за првпат беше одигран натпревар на овој фудбалски терен. На 10 февруари истата година, Академија Пандев одигра контролен натпревар со Вардар. Натпреварот се играше во формат од две полувремиња од по 60 минути, Академија Пандев запиша убедлива победа од 6:1. Натпреварот се одигра пред околу 300 гледачи.

Спортски центар Пандев - АРХИВА

Спортски центар Пандев – АРХИВА

Покрај фудбалското игралиште, за потребите на фудбалерите, центарот, меѓу другото, во внатрешноста треба да содржи сместувачки соби, фитнес и спа центри, но и ресторан. Идејното решение на објектот е направен според италијанските стандарди. Теренот на центарот е со природна трева, а единствената трибина треба да добие 400 седишта за публиката.

Во сабота за првпат на овој фудбалски терен ќе се одигра официјален натпревар во рамки на Првата македонска фудбалска лига. Академија Пандев како домаќин ќе ја пречека екипата на Беласица во градското струмичко дерби, во рамки на 11. коло од ПМФЛ. Натпреварот ќе се игра без присуство на публика со почеток од 13:30 часот, и истиот ќе може да се следи во живо на ТВ платформата на ФФМ.

Comments are closed.