ЖФК Тиверија ќе гостува во Кочани

Екипата на ЖФК Тиверија во сабота ќе има гостување во Кочани, каде ќе ги одмери силите со истоимената екипа, во натпервар од 11. коло од Првата женска фудбалска лига. Струмичките фудбалерки се апсолутни фаворити на овој натпревар, во прашање е само колкава би била победата.

ЖФК Тиверија Струмица - ЖФК Скопје 2014 - 1. коло

Фенерџијата ЖФК Кочани е единствената екипа која се уште нема освоено бодови и се наоѓа на последното 15. место на табелата. Натпреварот ќе се игра со почеток во 14:00 часот на Градскиот стадион во Кочани, без присуство на публика поради пандемијата со Ковид-19.

Comments are closed.