Продолжува фудбалот во Македонија, викендот се игра ПФМЛ и ВМФЛ

Претстојниот викенд продолжуваат натпреварите од Првата и Втората лига – Исток и Запад.
Академија Пандев - Шкупи, 9. коло ПМФЛ
„Натпреварите првично беа закажани за 31. октомври и 1. ноември, но беа одложени со одлука на Комисијата за натпреварување во рамки на федерацијата поради измени на Протоколот за спроведување мерки за заштита од “Ковид 19”. Фудбалската федерација на Македонија ги усогласи условите за продолжување на натпреварувањата согласно препораките од Комисијата за здравство и според протокол кој е прифатлив за здравствените државни институции и согласно тоа, викендот ќе продолжат натпреварите од МФЛ. Како одговорно фудбалско тело изразуваме надеж дека тимовите ќе се однесуваат максимално сериозно и професионално во однос на почитување на мерките и препораките од здравствениот протокол во услови на организација на натпреварите во време на криза предизвикана од пандемијата Covid-19“, се вели во соопштението на ФФМ.

Comments are closed.