Продолжуваа и третолигашкиот фудбал, во ТМФЛ – Исток ќе се игра 5. коло

Викендот ќе продолжи и третолигашкиот фудбал. Третата лига – Исток ќе продолжи со натпреварите од 5. коло, кое требаше да се одигра минатиот викенд. Откако беше усогласен протоколот за натпреварување, од ФФМ информираа дека фудбалот во Македонија продолжува, како во Првата, Втората лига – Исток и Запад, така и во сите пет Трети лиги.

Хоризонт Турново - Карбинци, 4.коло ТМФЛ Исток

Во Делчево ќе се игра дерби меѓу домаќинот Брегалница и Хоризонт Турново, во Градско Балдовци ќе гостува лидерот на табелата Чешиново, кој ќе се соочи со домаќинот Спартмани, Тиверија ќе се обиде да дојде до победа на гостувањето кај Карбинци. Раклиш по прва победа дома со Василево, Малеш со лесна задача на домашен терен против Работник Џумајлија, а дерби ќе се игра во Свети Николе, каде силите ќе ги одмерат Овче Поле и Детонит Јуниор.

Comments are closed.