КК Струмица сезоната ја отвара против Феникс 2010

Кошаркарите на Струмица на 7. ноември ќе ја стартуваат новата сезона од Втората кошаркарска лига – Исток, со натпреварот против екипата на Феникс 2010 на домашен терен во Струмица. Во првиот дел од сезоната ќе се одиграат вкупно 9 кола, последното е планирано да се одигра на 19 декември годинава. Потоа ќе следи пауза до 13 февруари, кога ќе стартува вториот дел од сезоната со натпреварите од 10. коло. Во овој дел ќе бидат одиграни уште 8 кола, односно вкупно 18 кола, а последното е планирано да се одигра на 10 април следната година. Во последното коло КК Струмица на домашен терен ќе затвори со Баскет Кам.

АРХИВА

АРХИВА

Првопласираните четири екипи од Втора лига-мажи Исток и Запад се пласираат во четвртфиналето. Се игра во два добиени натпревари според системот (и1-з4, и2-з3, и3-з2, и4-з1), од кои првиот се игра на теренот на подобро пласираната екипа. Екипите кои ќе завршат на петтото место во регуларниот дел, во двете групи, остануваат во Втора лига-мажи. Екипите пласирани од 6. до 10. место во регуларниот дел, во двете групи, во натпреварувачката сезона 2021/2022 ќе се натпреваруваат во Трета лига-мажи.

Comments are closed.

Web