Поради здравствената криза Џио Струмица нема да игра реванш, елиминација по само еден натпревар

Џио Струмица со пораз го почна и во еден ден го заврши настапот во шеснаестинафиналето на Челенџ купот на ЦЕВ. Освојувачот на двојната круна кај нас, убедливо загуби од Омонија во првиот од двата меѓусебни натпревара закажани на теренот на противникот. Нашиот тим освои 20 поени во првиот, 19 во вториот и 18 во третиот сет, но со оглед што поради здравствената криза, солунскиот аеродром ќе биде затворен, утрешниот реванш закажан точно напладне, воопшто нема да се игра.

Џио Струмица - Омонија во Кипар.jpg

Струмичките одбојкари се принудени порано да ја напуштат Никозија, а тоа значи дека Омонија ќе оди во наредната фаза во којашто најверојатно ќе се сретне со турскиот тим Зират банка од Анкара. Доколку постоеше реванш, на Џио Струмица утре ќе и беше потребна каква било победа, а потоа и успех во „златниот сет“, но со оглед на целата ситуација, пропадна и таа минимална шанса за македонскиот претставник.

Comments are closed.

Web