Џио Струмица денес против Омонија во Кипар во Челенџ купот на ЦЕВ

Одбојкарите на Џио Струмица денес ќе го одиграат првиот натпревар од шеснаестинафиналето на Челенџ купот на ЦЕВ. Наш втор преставник во Челенџ купот на Цев ќе биде Вардар, кој ќе се пресмета со словенечки Калцит Камник.

Со оглед на околностите во нашата држава, Џио и Вардар се решија двата натпревари да ги одиграат на теренот на нивните претставници. Џио Струмица има квалитетен состав кој може да го елиминира кипарскиот тим. Доколку Џио успее во намерата, ќе се пласира во осминафиналната фаза во којашто ќе се сретне со подобриот од двомечот меѓу фаворитот Зират банка Анкара и Фонте бастардо од Португалија.

Џио Струмица во Кипар

Првата пресметка меѓу Џио Струмица и Омонија е закажана за денеска од 17 часот, а реваншот е утре напладне.

Вардар, пак, на теренот на Калцит Камник првпат ќе истрча утре, а вторпат в среда, двата дена од 20 часот, со надеж дека ќе може да одигра достоинствено против словенечкиот тим којшто ја носи улогата на фаворит.

Comments are closed.

Web