ОК Струмица Жени запиша победа над Пелистер Волеј

Одбојкарките на Струмица Жени вечерва одиграа одличен натпревар во Битола, каде запишаа победа над непоразениот Пелистер Волеј со 3:1 во сетови (25:19; 24:26; 25:21; 25:18).

Пелистер Волеј - Струмица жени, 3. коло ПЖОЛ

Домаќините дадоа голем отпор во вториот сет, со кој израмнија на 1:1 во сетови, Пелистер грешеше, а гостинките од Струмица одиграа одлично до крајот на натпреварот, и успеаа да го однесат полниот плен од Битола. Одбојкарките на Струмица Жени новата сезона ја отворија со победа, бидејќи оваа беше нивен прв сезонски натпревар.

Comments are closed.

Web