ОК Наковски Волеј загуби од ОК Универзитет во Тетово

Одбојкарките на Наковски Волеј загубија на вчерашното гостување во Тетово, каде со 3:2 (25:22; 20:25; 08:25; 25:23; 15:05) во сетови беше подобар домаќинот Универзитет во Тетово. За Наковски Волеј оваа е прв сезонски пораз, но останува лидер на табелата со 7 бодови, додека два бода помалку има Универзитет во Тетово кој е втор на табелата.

ОК Наковски Волеј

Јанта Волеј Форца загуб од Вардар Жени со 0:3, Виктори Волеј со 3:0 беше подобар од Бами Кор, Работнички – Скопје славеше со 3:0 над Ускана.

Колото ќе биде комплетирано утре со натпреварите меѓу Пелистер Волеј и Струмица Жени кој се игра во Битола и Македонија Макс и УГД Студент Жени, натпревар кој ќе се игра во Струмица.

Comments are closed.