Денес на МРТ 3 пренос од Пелистер волеј – Струмица жени

Струмица жени денес гостува во Битола, кај екипата на Пелистер волеј. Битолчанки досега остварија две максимални победи против Ускана и против Бами Кор, но пресметката со струмичанки за нив ќе биде прв вистински тест за можностите. Идентично како Вардар жени и Работнички Скопје, составот на Струмица жени во ова коло ќе има премиера во оваа сезона, а фактот што во ланската како дебитант оствари десет победи на 15 натпревари и беше во трка за пласман во лигашкото полуфинале, доволно илустрира дека на него треба сериозно да се смета. Ќе биде ли така, ќе покаже денешниот пренос од Битола, на МРТ 3 со почеток во 17:55 часот.

ОК Струмица Жени, екипа 3. коло ПЖОЛ

Comments are closed.

Web