ОК Струмица Жени утре во Битола против ОК Пелистер Волеј

Одбојкарките на Струмица Жени утре ги очекува тешко гостување кај Пелистер Волеј, во натпревар од 3. коло од Првата женска одбојкарска лига. Струмичките одбојкарки утре го играат првиот дерби натпревар оваа сезона. Битолчанки веќе одиграа два натпревари, каде запишаа две победи без загубен сет и се лидери во Групата Б.

ОК Струмица Жени, екипа 3. коло ПЖОЛ

Прв судија на утрешното дерби во Битола ќе бие Амбарков Орданче, додека втор судија ќе биде Жабев Зоран. За делегат на овој натпревар е делегиран Трајков Мирко.

Натпреварот ќе се игра во СС “Д-р. Јован Калаузи“ – Битола со почеток од 18:00 часот, без присутво на публика. Натпреварот ќе може да се следи со директен пренос на МРТ3.

Comments are closed.

Web