ОК Виктори Волеј запиша победа над ОК Бами Кор

Одбојкарките на Виктори Волеј запишаа победа во 3. коло од Првата женска одбојкарска лига, откако на домашен терен со 3:0 во сетови беа подобри од ОК Бами Кор. Струмичките одбојкарски првиот сет го добија со 25:17, во вториот беа убедливи со 25:9, додека во третиот сет со 25:18 ја потврдија својата втора сезонска победа во КГС „Партизан“ – Струмица.

АРХИВА

АРХИВА

Одбојкарките на Виктори Волеј имаат максимални 6 бода на стартот од новата сезона, без загубен сет, додека Бами Кор од Тетово го запиша третиот сезонски пораз.

Утре ќе се судат Пелистер Волеј и Струмица Жени во Битола со почеток од 18:00 часот и Македонија Макес со УГД Студент – Жени во Струмица со почеток од 19:00 часот. Средбите се играат без присуство на публика.

Comments are closed.