Костадинов: Струмичката болница уште утре ке добие ново санитетско комбе

Пратеникот од редовите на СДСМ Костадин Костадинов на својот Фејсбук профил објави дека струмичката болница уште утре ке добие ново санитетско комбе.
,,Со силна посветеност, со многу разговори, разбирање за состојбата во која се наоѓаме и интензивната борба со коронавирусот, заедно со директорот на болницата во Струмица, Наке Гогов, со Дирекцијата за управување со кризи, утре обезбедуваме санитетско комбе за струмичката болница.60217555_10215646461567726_6113123816794226688_n
Ова е дополнително возило од веќе обезбеденото кое го очекуваме до декември.
Разочаран сум што опозицијата наместо да помага, прави се за да буквално одмогне во оваа криза.
Секако за тоа најдобро ќе судат граѓаните.
Проблемите ги решаваме многу брзо, се грижиме и преземаме одговорност.
Само со посветена и неуморна работа, можеме и мораме да ги решаваме проблемите кои се натрупани со години наназад.” напиша Костадинов

Comments are closed.

Web