РФМ го стави ракометот во мирување

Откако Владата донесе одлука клубовите на сопствен трошок да се тестираат 72 часа пред натпревари, ФФМ донесе одлука да го одложи 11. коло од ПФМЛ и 10. коло од ВМФЛ – Исток и Запад, додека Ракометната федерација на Македонија донее поригорозна одлука, односно, ракометот во нашата држава е ставен во мирување. Тоа значи дека Суперлигата, Првата лига и женската Суперлигата ќе бидат ставени во мирување.

Во прилог Ви го пренесуваме соопштението на РФМ:

Ве известуваме дека натпреварите при национален систем на РФМ во Суперлигата и Првата машка ракометна лига и натпреварите од женската ракометна лига се ставени во мирување. Мирувањето се должи согласно измените на Општиот протокол за организирање на спортски настани во услови на пандемија со Ковид-19, објавен во Службен весник на Македонија.По усогласувањето на општиот протокол со протоколот на Ракометната федерација на Македонија, дополнитено ќе бидете известени за отпочнување на натпреварите од горенаведените лиги.Апелираме до сите учесници на ракометниот спорт да се почитуваат сите препораки за превенција од вирусот. Ракометната федерација на Македонија ќе ја следи состојбата и навремено ќе ги извести сите засегнати доколку се создадат услови за продолжување на активностите во рамките на РФМ“.

РФМ соопштение - ракометот во мирување 30.10.2020

Comments are closed.