Одложени натпреварите од 5. коло од Третата лига – Исток

Викендот требаше да биде одиграно 5. коло од Третата лига – Исток, но истото е одложено. Информации околу продолжувањето на Третата лига – Исток за сега официјално нема. По вчерашната Одлука на Владата, сите спортски екипи да се тестираат пред секој натпревар ги погоди сите клубови, особено оние кои што се натпреваруваат во понизог ранк.

Малеш - Хоризонт Турново, 3. коло- - ТМФЛ - Исток

Во текот на вчерашниот ден клубовите од Третата лига – Запад и Третата лига – Југозапад се решија да не играат, па лигите беа ставени во мирување, а денес во мирување се ставени и Третата лига – Исток, Третата лига – Југ и Третата лига – Север.

Овој викенд Хоризонт Турново требаше да гостува во Делчево каде ќе играше дерби со домаќинот Брегалница, Тиверија ќе се судреше со Карбинци на гостински терен, а во Градско Балдовци домаќинот Спартмани ќе го чекаше лидерот на табелата Чешиново.

Тестирањето пред секој натпревар е голем финансиски трошок за сите клубови, кој мака мачат да ја поминат сезоната. Но, освен третолигашите, оваа ги погодува и второлигашите и прволигашите. ФФМ веќе има испратено барање до Владата со цел промена во протоколите, бидејќи апсолутно не е можно продолжување на фудбалот за поголем дел од клубовите дури и за оние кои што се натпреваруваат во Првата и Втората лига.

Од ФФМ очекуваат Комисијата за заразни болести при Министерството за здравство да излезе во пресрет на барањата на фудбалските клубови како би можело фудбалот во Македонија да продолжи да се игра, како што тоа е секаде во светот.

 

Comments are closed.

Web