Наковски Волеј на дерби против Универзитет во Тетово

Одбојкарите на Наковски Волеј утре ќе гостуваат во Тетово, каде ќе ги одмерат силите со Универзитет во Тетово, во натпревар од 3. коло од Првата женска одбојкарска лига. Пресметката на Универзитет во Тетово и на Наковски волеј најдиректно ќе решава за врвот на табелата во групата „А“. Струмичкиот состав не загуби сет во градскто дерби со Македонија Макс и против Јанта волеј Форца, а според досегашните меѓусебни дуели, би требало да ја има фаворитската улога пред гостувањето во Тетово.

Македонија Макс - Наковски Волеј, 1. коло ПОЖЛ

Универзитет досега одигра еден меч, забележа победа над Јанта волеј Форца, па доколку успее да го изненади ривалот, тогаш ќе може да се надева дека ќе го преземе лидерското место со оглед дека преостанатиот тим со максимален ефект – Фит фан волеј, ќе биде слободен ова коло.

Натпреварот ќе се игра во СС „Млади“ – Универзитет Тетово, со почеток во 18:00 часот.

Comments are closed.

Web