Мантев Петар главен судија на струмичкото дерби меѓу Академија Пандев и Беласица

Во недела се игра струмичкото градско дерби меѓу екипите на Академија Пандев и Беласица, во рамки на 11. коло од Првата македонска фудбалска лига.

Судии 1

Главен судија на овој натпревар ќе бидат Мантев Петар од Неготино, додека негови помошници ќе бидат Гонев Илија од Неготино и Новачев Петар од Велес. За четврт судија на натпреварот во Струмица е делегиран Величков Боби од Велес. Делегат на натпреварот ќе биде Зендели Мерсим од Гостивар, додека контролор ќе биде Шуклев Благој од Стојаково, Гевгелија.

Натпреварот ќе се игра со почеток од 13:30 часот, без присуство на публика.

Comments are closed.

Web