Астраион во петок ќе гостува во Охрид

Ракометарите на Астраион во петок ќе гостуваат во Охрид, каде во рамки на 7. коло од Групата А од Суперлигата ќе се соочат со екипата на Охрид.

Астраион во досегашните четири одиграни натпревари има запишано една победа и три порази. Победата на Астраион беше во 1. коло кога со 34:33 во неизвесен натпревар славеа над Радовиш. Охриѓани играат одлична сезона и имаат максимални четири победа и максимални 12 бода за прво место во Групата А.

Астраион - Струга, 3. коло Суперлига

Натпреварот за Астраион ќе биде многу важен, а три бода се потребни во борбата за обезбедување на плеј-оф и сигурен опстанок во Суперлигата. Охрид има далеку поквалитетна екипа, што значи дека фаворитската улога е на нивната страна.

Натпреварот ќе се игра со почеток од 18:30 часот во спортската сала „Билјанини Извори“ во Охрид.

Comments are closed.