Тиверија гостува кај Карбинци

Во недела Тиверија ќе гостува во Карбинци, каде во рамки на 5. коло од Третата лига – Исток ќе ги одмери силите со екипата на Карбинци.

Тиверија - Раклиш, 2. коло ТМФЛ - Исток

Тиверија има лош старт во новата сезона, на четири одиграни натпревари струмичката екипа бележи една победа и дури три порази и со 3 бода е деветта ма табелата. Карбинци е на 11-тото место со четири порази и без освоени бодови.

Натпреварот во Карбинци ќе стартува во 14:00 часот, и истиот ќе биде одигран без присуство на публика, поради пандемијата со Ковид-19.

Comments are closed.

Web