Пораз на Академија Пандев на тешкото гостување кај Македонија Ѓ.П.

Академија Пандев загуби на денешното гостување кај Македонија Ѓ.П. со 3:1, во натпревар од 10. коло од Првата лига.

Македонија Ѓ.П. - Академија Пандев, 10 коло ПМФЛ

Домаќините во 2. минута го отвори резултатот, а гостите израмнија во 45. минута. Во вториот дел Македонија Ѓ.П. постигна два гола и се радуваше на новите три бода.

Македонија Ѓ.П. е трета на табелата со 19 бода, додека Академија Пандев е 11-тото место со 7 бода. Во следното коло “пандевци” го играат струмичкото дерби со Беласица, додека “лавовите” ќе гостуваат во Кратово кај Силекс.

Comments are closed.