Беласица ремизираше со Борец

Екипата на Беласица ремизираше на “Благој Истатов” играјќи 2:2 со велешки Борец, во натпревар од 10. коло од Првата лига.

Беласица - Борец, 10 коло ПМФЛ

Одлична игра на струмичките фудбалери кои немаа среќа за цел плен, па на крај мораа да се задоволат со бод.

Беласица останува на дното од табелата со 2 освоени бода, додека велешани со 16 бода се четврти. Во следното коло Беласица ја чека струмичко дерби со Академија Пандев, додека Борец го чека Пелистер.

Comments are closed.

Web