Пораз за Астраион од Јуниор Кисела Вода

Ракометарите на Астраион запишаа пораз на вчерашното гостува во Скопје од Јуниор Кисела Вода со резултат од 30:23.

Домаќините кој во претходното коло беа слободни и максимално подготвени ја запишаа првата сезонска победа. Струмичани кој во средата загубија од Струга, немаа сили да пружат отпор и да наметнат темпо над домаќинот.

Астраион - Струга, 3. коло Суперлига

Јуниор во првото полувреме имаше водство од 13:9, а во текот на второто ја зголемија разликата на 7 гола предност за конечни 30:23.

Најдобар стрелец кај домаќините беше Барјактаревиќ со 8 гола, додека кај Астраион листата на стрелци ја предводеше Наков Васе со 11 погодици.

Во следното коло Астраион ќе биде слободен, а Јуниор К.В. ќе се соочи со Голден АРТ КЛ7

Comments are closed.