Хоризонт Турново на дерби против Малеш во Берово

Лидерот на табелата во Третата лига – Исток, Хоризонт од Турново, утре ќе гостува во Берово каде ќе одигра дерби натпревар со Малеш. Турновци имаат одличен старт и бележат две убедливи победи, 1:6 над Раклиш и 4:1 над Спартмани. Малеш во 1. коло во Берово го доби дербито со Овче Поле со резултат 2:1, додека во 2. коло загуби во Радовиш од Детонит.

Раклиш - Хоризонт Турново, 2. коло ТМФЛ - Исток

Натпреварот е од голема важност и за двете екипи во битката за првата позиција и остварување на целите на двете екипи, враќање во Втората лига.

Малеш има предност што игра на домашен терен, но, ќе можат ли беровци да одговарат на налетот на Хоризонт Турново ?

Натпреварот се игра утре со почеток од 14:30 часот на Градскиот стадион во Берово, без присуство на публика.

Comments are closed.